еМагазин
Image default
Македонија

48-годишен иселеник од Центар Жупа, татко на три деца, несреќно го загубил животот во Италија

Четириесет и осумгодишен градежен работник, по потекло од Општина Центар Жупа бил усмртен од меракен панел на местото каде што работел.

-Тоа е нашиот сограѓанин Назиф Ајдароски, кој со години работи во градежништво во областа Тревизо, каде што живее голема заедница од нашата општина. Родум е од селото Бајрамовци, а подолг период живееше во село Житинани, од каде замина за Италија. Голема трагедија, изјави за МИА, жител на Житинани.

Ајдаровски бил оженет и татко на три деца на 19, 17 и 10 -годишна возраст.

За трагичниот настан известуваат и италијанските медиуми според кои Обвинителството во Тревизо отворило истрага, а обвинителката Даниела Брунети наредила да се изврши обдукција на телото за да се открие причината. На распит биле повикани одговорните лица.

Во Италија живеат и работат повеќе илјади жители од Општина Дебар и од подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуше.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 333 случаи на Ковид-19, во Скопје 206

Редакција

Апелација ја потврди првостепената пресуда за „Рекет“: Девет години затвор за Боки 13, седум за Јанева

Редакција

Москва: Русија не се мешаше во внатрешните работи на Македонија, туку тоа го стори Вашингтон

Редакција