Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.431 тестирања, а регистрирани се 472 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 222, Куманово – 47, Прилеп – 30, Велес – 23, Битола – 22, Кавадарци и Кочани – по 16, Штип – 15, Гевгелија – 9, Тетово, Охрид и Крива Паланка – по 8, Кичево – 7, Ресен – 6, Делчево и Виница – по 4, Гостивар, Струмица, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3, Неготино, Свети Николе и Дебар – по 2, Валандово, Кратово, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 197.669, а бројот на активни случаи изнесува 6.719.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од Ковид-19 починале 8 лица, дополнително пријавени уште 6
Убава вест: 498 оздравени од Ковид-19
Фото: МЗ