еМагазин
Image default
Македонија

ЗНМ со претставки до ДИК и МВР за попречување на работата на новинарката Ферикан Арифи

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска поднесе две претставки за попречување на работата на новинарката Ферикан Илјази Арифи од Еуроњуз до Државната изборна комисија (ДИК), како и до Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Претставките се однесуваат за непрофесионален однос на претставници на изборната комисија бр.1974 и на полициски службеник кон колешката Арифи на изборниот ден додека таа била службено да известува за новинарскиот процес, велат од ЗНМ.

-Иако новинарката уредно се претставила и носела ознака за новинар на видливо место, претседателката на изборниот одбор Исније Мирта во гласачкото место во Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово не и дозволила да снима, а притоа со останатите колеги од одборот пред гласачи ја омаловажувала новинарката велејќи и „не го знаеш законот и треба да ти е срам што го попречуваш изборниот процес“.

Друг инцидент се случил во текот на денот повторно во Тетово во двор на средното училиште каде службено лице од МВР, за кое е веќе поднесена и пријава до СВР Тетово и Одделот за професионални стандарди, наместо да ја овозможи новинарката слободно да работи ја попречувал нејзината работа.

Во моментот кога новинарката го почнувала видео преносот во живо во училишниот двор, полицискиот службеник со груб тон инсистирал новинарката веднаш да му приложи лична карта за да докаже дека таа е новинарката која што е наведена на беџот или во спротивно нема да и биде дозволено да снима.

Новинарката иако му укажала на полицаецот дека не се противи на неговото барање за легитимирање и го замолила да и’ дозволи да го заврши она што го започнала, по што ќе се легитимира, тоа не и било дозволено. Полицискиот службеник на груб начин и укажал да го напушти училишниот двор, со што ја спречил во нејзината работа како новинар да известува од терен.

ЗНМ со внимателност ќе ги следи претставките за овој случај до надлежните институции како и за сите останати кои пристигнаа до Канцеларијата на ЗНМ, а се поврзани со попречување на работата на новинарите од изборниот процес за локалните избори за 2021 година, велат од ЗНМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 18 пациенти, а вкупно се лекуваaт 355

Редакција

Бугарскиот претседател Радев: Нема да дозволиме нерешени билатерални прашања да го нарушат единството на ЕУ

Редакција

Димитар Ковачевски избран за мандатар на новата влада

Редакција