еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Наскоро ќе добиеме нова Влада преводена од Заев, а шест-седум министри ќе бидат сменети, најави вицепремиерот Битиќи

Како Влада ние не функционираме нормално веќе три месеци поради локалните избори. Работата на сите институции е сведена на минимум што ме изненади, бидејќи сум нов во политиката. Ние овој период требаше да го донесеме Буџетот, ни претстои криза со пандемијата, имаме економска криза, а енергетската криза е нов момент, така што сега не е моментот да не се работи со полна пареа. Ова денеска го изјави потпретседателот на СДСМ и вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи за „Утрински брифинг“.

За процедурата за оставката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, Битиќи рече дека Централниот одбор само побарал да се одложи одлуката за оставката.

– Оставката е висок демократски чин и во нормални земји тоа би го сфатиле како начин да се преиспита зошто не оделе работи. Кај нас тоа се сфаќа предраматично. Ја ценам неговата одлука за оставка, но и ставот да се одложи, рече Битиќи.

Смета дека кај нас се поврзуваат позициите на претседател на партијата со претседател на Владата.

– Во нашето општество скоро е невозможно да имате премиер различен од претседател на носечката партија, освен ако нема техничка или експертска влада. Сега следува консолидација на партијата и понатаму нов мандатар за нова влада.

Сметам дека наскоро ќе добиеме „Заев 3“ влада, повторно влада предводена од Заев со тоа што ќе се сменат шест-седум министри. Мислам дека тој ни треба за да продолжат некои процеси, рече Битиќи.

Реконструкцијата на владата, како што истакна вицепремиерот, е добра и треба да има одредена промена на кадрите.

Според Битиќи, нова влада или реконструкција на Владата подразбира преговори меѓу коалициските партнери кои може да бидат комплицирани за распределба на нови ресори.

– Реконструкцијата на владата е добра и сметам дека ќе треба да има одредена промена на кадрите. Јас сум целосно ослободен од тоа дали ќе бидам на новата листа. Сметам дека резултатите го дефинираат тоа кој ќе остане, а кој ќе замине, посочи Битиќи.

-Сите треба да преиспитаме зошто сме изгубиле. Сите во владејачкото мнозинство изгубија. Пораката од народот беше јасна – овој курс на локално ниво не е доволен.

Секој разумен политичар ќе се преиспита после ова. Одлуката на ДУИ е нивна одлука, но не е штета за владеењето ако има нови кадри оти тие носат нови решенија, вели вицепремиерот за економија.

Одговарајќи на прашање за усвојувањето на буџетот, Битиќи рече дека не ги видел сите поднесени амандмани, но, како што додаде, еден од клучните разлики во владеењата е дека СДСМ прифаќа амандмани на опозицијата, додека претходно тоа било „научна фантастика“.

-Во ребалансот оваа година прифативме амандмани од опозицијата дури и во ребаланс, затоа што имаше навистина добри предлози и рековме да тоа е за нашиот народ, ние мораме да ги прифатиме и овие, заклучи Битиќи.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 468 оздравени од Ковид-19

Редакција

Новинарката Катерина Гетева нова одговорна на Секторот за односи со јавноста во Министерството за здравство

Редакција

Двајца поранешни владини функционери под истрага за злоупотреба на службена положба

Редакција