еМагазин
Македонија

Во струмичкиот и во радовишкиот регион последниот збор ќе го имаат независните и помалите партии

Освен во Струмица и Босилово, каде мнозинството во Советот на општината го имаат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, во останатите четири општини во Струмичко и Радовишко мнозинството ќе го одредуваат независните и помалите партии.

Во Радовиш осум советнички места има ВМРО ДПМНЕ, 6 СДСМ, 3 ЛДП и ДОМ и еден независен.

Во струмичко Ново Село кој ќе го има мнозинството ќе зависи од советникот на Граѓанската иницијатива „Стига е“. Таму по 7 советници освоија СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

Во Василево е исто како и во Ново Село, но таму мнозинството зависи од советникот од ЛДП и ДОМ, додека во Општина Конче ќе зависи од советникот на Демократската партија на Турците. Во оваа општина по четири советнички мандати освоија ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Во Струмица мнозинството го имаат советниците од листата на СДСМ, кои освоија 13 советнички мандати, ВМРО ДПМНЕ освои 9 и еден од „Стига е“, додека во Босилово ВМРО ДПМНЕ има 8 советнички мандати, СДСМ-6 и 1 од „Стига е“.

Инаку, втор круг избори за градоначалник ќе се одржат во Радовиш, Василево, Ново Село и Конче, а во првиот изборен круг беа избрани градоначалници на Струмица и Босилово, каде довербата на граѓаните ја добија Костадин Костадинов и Ристо Манчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Костадин Костадинов, новиот градоначалник на Струмица

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Бугарија има и ќе има Македонци, му порача на Петков од ОМО Илинден – Пирин

Редакција

Ќе има ли предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските?

Редакција

Студентските и средношколските домови ќе се отворат со намален капацитет, но одбиените ќе добијат надомест

Редакција