еМагазин
Image default
Локално

ЈСП Скопје отвора нова линија 29, од Жданец до Сити мол

ЈСП Скопје од понеделник (25.10.2021 ќе стартува автобуска линија 29 која ќе сообраќа од Жданец, преку Трнодол, до Карпош 3 („Сити мол“) и обратно.

– Линијата ќе профункционира на барање на жителите на Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на општината и градот, а истовремено и како предлог решение за организиран јавен превоз од/до посочените населени места, имајќи го во предвид проектот за новата мрежа на линии од јавниот транспорт во Градот Скопје, соопшти ЈСП Скопје.

Почетна/крајна станица на линијата 29 во Жданец ќе биде на улица „Жданец“, а во Карпош 3 на улица „МАНАПО“, на почетно/крајната станица на линија 7 и 59 кај „Сити мол“.

Автобусите ќе се движат по улиците „Жданец“, до влезот на Трнодол, па по ул. „Козле“, бул. „8 Септември“, бул. „Партизански одреди“ до крајната станица во Карпош 3 и обратно, по истата траса.

Ќе се користат посточеките, утврдени постојки на трасата, а возилата ќе сообраќаат по следниот возен ред: од Жданец: 6 ч, 7 ч, 8 ч, 10 ч, 12 ч, 13 ч, 14 ч, 16 ч и 17 ч. и од Карпош 3: 6.30 ч, 7.30 ч, 9 ч, 11 ч, 12.30 ч, 13.30 ч, 15 ч, 16.30 ч и 17.30 ч.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Охрид повеќе нема да субвенционира концерти организирани од приватни продукции во шпицот на туристичката сезона

Редакција

Детали за несреќата во Штип: Едно од девојчињата е со скршена карлица, другото со набиеници и полесни повреди

Редакција

21-годишна струмичанка им помагала на двајца малолетници да силуваат малолетно девојче

Редакција