еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ванчо Ѓорѓиев си поднесе оставка од заедничката Комисија со Бугарија, ги повика и другите членови да не си ја „виткаат кичмата“

Професорот на Катедрата за историја на Филозофскиот факултет во Скопје член на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Ванчо Ѓорѓиев денеска си поднесе оставка од Комисијата, а причините ги образложи во соопштение.

Соопштението Ви го пренесуваме во целост.

“Раководејќи се од професионалниот интегритет и личните принципи, ја известувам македонската јавност дека од денес, 22.10.2021 година, ја напуштам работата во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Одлуката е мотивирана од следниве околности:

1.Во последно време имаше отворени обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата што кулминираше во текот на првиот работен ден (21.10.2021 година) на XV редовна средба преку директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР.

2.При такви околности, под влијание на двојното водство во македонскиот дел од Комисијата, се отстапи од утврдените принципи за консензуално носење одлуки по сите прашања, при што не беше испочитувано договореното на координативниот состанок од 20.10.2021 година.

3.Нагласувам дека изготвените и разменети предлог-идеи, донесени и разменети во текот на вчерашниот ден од страна на македонскиот дел од Комисијата за препораки за учебниците за VII одделение за македонските учебници, се без моја согласност.

4.Демонстрираните ставови на последната средба од страна на другите членови на македонскиот дел од Комисијата, не само што се во спротивност со Резолуцијата усвоена на 29.07.2021 година од македонското Собрание, со која се утврдуваат црвените линии во преговорите меѓу Република Македонија и Република Бугарија, туку и со македонските национални интереси.

5.Ги охрабрувам членовите на Комисијата кои повремено споделувале со мене слични ставови и вредности, да не ја „виткаат кичмата““, вели Ѓорѓиев во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи тврди дека МНР никогаш не вршело притисок по однос на содржината на разговорите и одлуките на историската Комисија со Бугарија

Во македонскиот дел од заедничката Комисија со Бугарија изненадени од оставката на Ѓорѓиев, велат немало притисок од МНР

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 46 нови на Ковид-19 од 3.487 тестирања

Редакција

Извозот на жито е блокиран: Украина нема да го деминира црноморското пристаниште Одеса

Редакција

Русија: Ќе требаат од 8 до 10 месеци за нова вакцина против коронавирусот

Редакција