еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во македонскиот дел од заедничката Комисија со Бугарија изненадени од оставката на Ѓорѓиев, велат немало притисок од МНР

Македонскиот дел на Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија излезе со соопштение по оставката на нивниот член, проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев.

Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:

„Во врска со соопштението за медиумите на нашиот почитуван колега д-р Ванчо Ѓорѓиев за неговата оставка од Комисијата, би сакале да го истакнеме следново. Со колегата д-р Ѓорѓиев изминатите три години заедно и посветено работевме во Комисијата и донесовме добри решенија со кои сметаме дека помагаме во надминување на спорот помеѓу двете држави, зачувувајќи ги националните интереси на македонската држава, Македонците и другите етнички заедници и затоа сме крајно изненадени од тврдењата во неговото соопштение.

Истовремено, сакаме да потенцираме дека научните принципи во работата на Комисијата биле, се, и ќе останат непроменети и дека не постои никаква основа да се тврди дека постои нов принцип на работа, ниту политички притисок од МНР, Владата или политичките партии.

Исто така, вчерашните и денешните разменети предлог-идеи во ништо не отстапуваат или, пак, се разликуваат од досега разменетите предлози и пристапот кој е усогласен од сите членови на македонскиот дел од Комисијата од самиот нејзин почеток и кои во ништо не ги нарушува или, пак, се спротивни на македонскиот идентитет, национални интереси и спомнатите во соопштението на колегата Ѓорѓиев црвени линии усвоени во Собранието“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи тврди дека МНР никогаш не вршело притисок по однос на содржината на разговорите и одлуките на историската Комисија со Бугарија

Ванчо Ѓорѓиев си поднесе оставка од заедничката Комисија со Бугарија, ги повика и другите членови да не си ја „виткаат кичмата“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје трет ден блокирано од приватните автобуски превозници

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Иднината не смее да зависи од лица кои не може да погодат ниту знаме на една земја

Редакција

Од Ковид-19 починаа девет лица најмладиот на 40-годишна возраст, дополнително пријавени уште четворица

Редакција