еМагазин
Image default
Локално

Нечовечна измама во Ресен: „Вработен во ПИОМ“ му зел 3.000 денари за набавка на инвалидска количка

На 13 март во Полициската станица Ресен, 65-годишен жител на Ресен пријави дека на 06 март бил измамен од непознато лице, информира МВР.

Според пријавеното, лице дошло кај него и се претставило дека е од Фондот ПИОМ и дека ќе му набави инвалидска количка за неговата сопруга и побарало да плати 3000 денари, додека другите пари ги покривал фондот.

Ошететниот му ги дал парите, со ветување дека количката ке ја добие за два дена. По неколку обиди да стапи во контакт со лицето, пријавителот заклучил дека се работи за измама. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Внук спречил силување на баба му во Струмица

Редакција

(Фото) Шарена гимназија: Учениците ја разубавија „Орце Николов“

Редакција

Фотографии од сообраќајката кај Росоман, во која загинаа две лица

Редакција