еМагазин
Image default
Бизнис

УЈП го продолжи рокот за поднесување ДДВ-4 до 27 октомври

Управата за јавни приходи (УЈП) го продолжи рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата за уште два работни дена, односно до 27 октомври.

Од УЈП денеска соопштија дека причина за продолжувањето на рокот е отежнатото поднесување даночни пријави преку системот е-Даноци.

„Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува.

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.10.2021) се продолжува за два работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27.10.2021 година,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руско-украинската криза може да влијае на цената на струјата, вели Бектеши

Редакција

Општина Струга склучи договор со “Енерџи деливери солушнс“ вреден 487,8 илјади евра

Редакција

Ќе се проверува потеклото на капиталот на концесионерот за рудникот Иловица

Редакција