еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Зимското сметање на времето започнува викендов: Часовникот се враќа еден час наназад

Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ноќта меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври) ќе преминат на зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ, часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот.

Специфика за земјава е што промената на времето ќе се случи во предвечерието на вториот круг од локалните избори.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Клиниката за урологија направени 500 трансплантации на бубрег

Редакција

(Фото) „Браќа Манаки“: Пендаровски со сопругата на средба со реномираниот американски кинематограф, Едвард Лакман и неговото семејство

Редакција

Двајца од повредените во сообраќајката кај Катланово се во критична состојба

Редакција