еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Поради големиот број на заразени со Ковид-19 во Хрватска, сите поголеми болници во Загреб стануваат ковид-центри, се подготвува и Арена

Поради големиот број на нови инфекции со коронавирусот во Хрватска, Загреб воведе нов болнички режим, според кој сите поголеми болници во главниот град стануваат ковид-центри, јавија хрватските медиуми.

Зголемувањето на капацитетите за лекување на пациенти со Ковид-19 мора целосно да се реализира до понеделник. Договорен е и диспечер во Итната помош во Загреб, кој 24 часа ќе ги следи слободните места во болниците.

Договорено е болниците обврзно да пријавуваат состојба во 8, 14, 19 и 24 часот.

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош на денешната владина седница зборуваше за актуелната епидемиолошка состојба во државата. Тој рече дека се подготвува отворање на загрепската Арена за болни од Ковид-19.

– Продолжува трендот на 75 проценти невакцинирани кај заразените, хоспитализираните и починатите. Здравствениот систем се подготвува за нови оптоварувања. Со достапни вакцини и јасни правила може да се избегнат многу хоспитализации. Повеќе од 80 отсто од лекарите се вакцинирани, кој би не лекувал да не се вакцинирани? Да го следиме нивниот пример, рече Берош.

– Излезот од епидемијата неизбежно и непотребно се пролонгира. Пораката на науката е јасна – треба да го забрзаме излезот од епидемијата преку вакцинација, истакна тој.

Општина Загреб вчера ги мобилизираше клиниките за ковид како дополнителни места каде граѓаните може да се тестираат. Секој втор тестиран граѓанин во Загреб вчера бил позитивен, јави Индекс.

Денеска во Хрватска се регистрирани 4.154 новозаразени, додека вчера – 4.571, 1.207 се хоспитализирани, од кои 153 на респиратори и 26 починати.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев се „пресели„ во Охрид: Ќе ја издржува ли казната во затворот во Струга?

Редакција

Кипар праќа два „ертрактори“ за гаснење на пожарите во Свети Николе и Чашка

Редакција

ЕСМ доби нов Надзорен одбор

Редакција