еМагазин
Image default
Македонија

Пријава за поткуп за глас во Македонска Каменица

Деветнасетгодишник од каменичкото село Цера, денеска во Полициската станица во Македонска Каменица пријавил обид за поткуп за глас, за што, како што стои во полициското соопштение, му биле понудени 1.000 денари во партиски штаб во Македонска Каменица.

– На 29.10.2021 во 11:50 часот, 19-годишно машко лице  од село Цера, Македонска Каменица во Полициското одделение Македонска Каменица пријавило кривично дело по член 162 став 1 од Казнениот законик на Република Северна Македонија.

Имено, според пријавата, тој непосредно пред пријавувањето бил повикан во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, каде од страна на В.В. од Македонска Каменица му биле дадени 1.000 денари за да гласа за кандидатот за градоначалник од таа политичката партија, информираат од полицијата.

За случајот, како што се дополнува во полициското соопштение, известен е јавен обвинител, а В.В. е  повикан во Полициското одделение Македонска Каменица.

По документирање на случајот најавен е соодветен поднесок од страна на полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зијадин Села носител на листа во шестата изборна единца, Африм Гаши во втората

Редакција

5 лица хоспитализирани, 7 имале претходни заболувања, детали за новозаразените со коронавирусот

Редакција

Убава вест: Оздравени 448 болни од Ковид-19

Редакција