Од обработени околу 13 проценти од избирачките места во Град Скопје води независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска со 59,66 проценти.
Петре Шилегов од СДСМ има 37,13 проценти од гласовите, покажуваат податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) за резултатите од гласањето на вториот круг од Локалните избори.
Во скопските општини, каде што се избира градоначалник, од пребројани околу шест проценти од гласачките места во Чаир води Висар Ганиу од ДУИ, пред Беким Сали од АА/А, во Центар води Горан Герасимовски од СДСМ пред Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ и во Карпош води Стевчо Јакимовски од ГРОМ пред Душко Весковски од СДСМ.
МИА/Фото: ССК
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.