Според податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 25 до 31 октомври регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.
„Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=714, 25,5%).
Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (n=94; 3,4%).
Се забележува зголемување на бројот на заболени скоро кај сите возрасни групи, со најзабележително зголемување кај возрасната група од 20-29 години, 11,4% повеќе во однос на претходната недела.
Намалување се забележува кај возрасните групи од 0-9 години (-17,5%) и над 60 години (-1,2%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.519 (54,2%) лица од женски и 1.285 (45,8%) од машки пол.
Со статус „оздравени“ се стекнале 2.205 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починале седум лица кои по вторпат заболеле од Ковид-19, вкупниот број на реинфекции е 734
Зголемување од 5,6%: За една недела 38 лица по вторпат заболеле од Ковид-19
Раст од 3,7%: За една недела 2.804 нови случаи на Ковид-19
Фото: МЗ