еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Биљал Касами, новиот градоначалник на Тетово

еМагазин во серијал Ви ги преставува новите градоначалници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Биљал Касами, новиот градоначалник на Тетово

Кој е Биљал Касами

Биљал Касами е новиот градоначалник на Тетово.

Роден е во јули во 1975 година во Тетово.

Тој е доктор по економски науки. Завршил економски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2000 година.

Тој е оженет со Ајше Касами и имаат две деца.

Политичка кариера/работно искуство

Од 2000 до 2004 година работел во Царинската управа на Република Македонија.

Во периодот од 2004 до 2006 година бил државен секретар во Министерството за економија како член на ДУИ, но потоа се вратил во царина каде останал две години.

Касами ја напушти ДУИ во 2008 година и стана член на Нова Демократија, која згасна во 2011 година по неуспехот на Парламетарните избори одржани истата година.

Истовремено бил и професор на Меѓународниот Балкански универзитет од 2009 до 2011 година, а во политиката се врати во 2014 со основање на партијата Беса, на чие што чело е и денес.

Пред да стане градоначалник беше пратеник, каде беше член на Националниот совет за евроинтеграции и претседател на Делегацијата на Собранието во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Која е професионално и приватно Данела Арсовска, првата жена градоначалник на Скопје

Кој е Максим Димитриевски, старо-новиот градоначалник на Куманово

Кој е Арбен Таравари, старо-новиот градоначалник на Гостивар

Кој е Кирил Пецаков, новиот градоначалник на Охрид

Фото: Фејсбук/Касами

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДНК анализите на починатите во автобуската несреќа во Бугарија ќе бидат завршени денеска или утре

Редакција

„Алкалоид“ потпиша нов меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за Програмата за практикантство

Редакција

Најчитани на еМагазин за 2020 година: Сите детали за новите платежни картички: Кој ќе добие пари за купување македонски производи и услуги?

Редакција