еМагазин
Image default
Бизнис

Фабрика Карпош со добивка во првите девет месеци

Фабрика Карпош АД Скопје за период од јануари-септември 2021 година оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран Биланс на успех, информираат од фабриката преку Македонската берза.

“Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на производи (реализација) на големо на домашен пазар, приходи по времени ситуации, приходи од продажба на станови, во вкупен износ од 378.807 илјади денари.

Остварената нето добивка по оданочувањето за периодот 01.01- 30.09 2021 година изнесува 376 илјади.

Со оглед на недовршеното производство или производството во тек кое произлегува од станбен комплес Александрија (проект за изградба на станови кои ги гради Фабрика Карпош) со издавање на фактури на купувачите на станови по продажни цени, залихата ќе се валоризира и ќе го зголеми приходот на компанијата.

Во периодот 01.01-30.09 2021 година вкупните расходи во најголем дел се однесуваат на трошоци на продадени производи и услуги и истите изнесуваат 279.454 илјади денари.

Финансиските расходи се 4.103 илјади денари во извештајниот период и бележат намалување во споредба со истиот период претходната година“, велат од фабриката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фабрика Карпош со добивка во првите шест месеци

Намалена добивката на Фабрика Карпош во првите три месеци од годинава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еуросупер БС-98 поевтинува за два денари, цените на Еуросупер БС-95, мазутот и дизелот не се менуваат

Редакција

(Фото) Железници Транспорт пушти во сообраќај три нови електролокомотиви

Редакција

Mенувањето денари во девизи е непотребен трошок за граѓаните, вели гувернерката Ангеловска Бежовска

Редакција