еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Еуросупер БС-98 поевтинува за два денари, цените на Еуросупер БС-95, мазутот и дизелот не се менуваат

Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 ќе се намали за 2 денари, додека цените на бензинот Еуросупер БС-95, на Еуродизел (Д-Е V), на екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Моторниот бензин Еуросупер БС ќе биде 95,87 денари за литар, Еуросупер БС, 98,89 денари, дизел горивото ќе чини  85,50 денари, екстра лесното масло 85 денари, а мазутот 48,715 денари за килограм.

Со оваа Одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 отсто во однос на одлуката од 29.9.2023 година.

Според РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,231 отсто, кај дизелот зголемување за 0,083, кај екстра лесното масло има намалување за 1,177 и кај мазутот намалувањето е за 0,495 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,308 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Срушивме здравствен систем со лажиче„: Твитер реакции за причестувањето

Редакција

Дизелот поевтин за 1 денар

Редакција

Жител на кочанската населба Оризари убил волк во сопствениот двор

Редакција