еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Кирил Пецаков, новиот градоначалник на Охрид

еМагазин во серијал Ви ги преставува новите градоначалници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Охрид

Кирил Пецаков, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник од истата партија е новиот градоначалник на Охрид.

Роден е во јули 1985 година во Охрид.

Основно и средно училиште завршил во Охрид.

Пецаков е дипломиран стоматолог и работи во Здравствениот дом во Охрид. Дипломирал на Стоматолошкиот факултет – Скопје.

Оженет е со Билјана Пецакова, која е исто така по професија е стоматолог, специјалист орален хирург.

Имаат едно дете, а го очекуваат и второто.

Политичка кариера

Како пратеник бил член на Комисијата за здравство, заменик-член на Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за прашања на изборите и именувањата…, како и дел од пратенички групи за соработка на парламенти на други земји, меѓи кои и Грција, Црна Гора, Австралија…

Пецаков е член на Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ.

Член е и на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од 2008 година.

Пецаков е избран за претседател на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ на Оопштинскиот комитет Охрид во 2008 година, функција која ја извршува до 2011 година, а во истиот временски период е и член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Во период од 2009 до 2013 година е член на Советот на Општина Охрид.

Пецаков е избран за претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид во 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Која е професионално и приватно Данела Арсовска, првата жена градоначалник на Скопје

Кој е Александар Стојкоски, новиот градоначалник на Ѓорче Петров

Кој е Борче Јовчески, новиот градоначалник на Прилеп

Семејната династија продолжува: Кој е Алија Јаоски, новиот градоначалник на Пласница

Фото: Фејсбук/Пецаков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 91 оздравени од Ковид-19

Редакција

Сите детали: Освен затворска казна од 9 години, на Боки 13 ќе му се конфискуваат и 12 илјади евра

Редакција

(Видео) Трагедија во Романија: Најмалку 10 загинати во пожар во болница за третман на Ковид-19

Редакција