еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Максим Димитриевски, старо-новиот градоначалник на Куманово

еМагазин во серијал Ви ги преставува новите градоначалници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Максим Димитриевски останува градоначалник на Куманово, кандидатот на СДСМ му ја честиташе победата

Кој е Максим Димитриевски

Максим Димитриевски по вторпат стана градоначалник на Куманово, овој пат како независен кандидат.

Роден е во ноември 1975 година во Куманово.

Основно и средно образование завршил во родниот град, а дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Магистрирал на тема „Ниско ниво на децентрализација – причина за несоодветен развој на единиците на локална самоуправа во Република Македонија“.

Димитриевски е сопруг и татко на три деца.

Политичка кариера

Политичката кариера ја започнал како млад активист на СДСМ.

Во 2008 година станува дел од Советот на Општина Куманово, а подоцна и претседател од 2012 до 2016 година.

Политичката кариера ја продолжува како пратеник во Собрание на Република Македонија, каде бил и претседател на Комисијата за одбрана и безбедност.

На локалните избори во октомври 2017 година стана градоначалник на Општина Куманово, како кандидат на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Арбен Таравари, старо-новиот градоначалник на Гостивар

(Фото) Која е професионално и приватно Данела Арсовска, првата жена градоначалник на Скопје

Кој е Александар Стојкоски, новиот градоначалник на Ѓорче Петров

Кој е Кирил Пецаков, новиот градоначалник на Охрид

Фото: Фејсбук/Димитриевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На барање на Македонија, Србија ќе ни испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка

Редакција

За една недела, две спасувачки акции на Водно

Редакција

Мајката на Пино Секондо за неговото убиство: „Детето ми го убиле и го сокриле за животни да ми го распарчат“

Редакција