Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 14 починати лица од Ковид-19: 6 починати лица од Скопје (52г, 53г, 66г, 77г, 80г и 87г), 2 починати лица од Велес (57г и 85г), и по едно починато лице од Кочани (62г), Битола (71г), Куманово (73г), Струмица (73г), Кратово (77г), и Кавадарци (79г).
Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лица со датум на смрт од 31.10.2021. Регистрираното починато лице е од Скопје, на возраст од 76 години, во болнички услови.
Вкупната бројка на починати е 7.232.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 454 случаи на Ковид-19 од 3.019 тестирања, бројката на активни се зголеми на 8.039
Убава вест: Оздравени 236 болни од Ковид-19
Фото: МЗ