Заради дефект во котелот на Блок 1, за кој не постоеше никаква можност да биде саниран додека постројката е во функција, синоќа во 3 часот Блок 1 е исклучен од електроенергетската мрежа на државата, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
„Станува збор за планско исклучување на блокот со цел санација на скинатата цевка, што се смета за лесен испад на постројката. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде вратен на мрежа.
Се работи и на оспособување на Блок 2, кој беше во ремонт и се очекува и оваа постројка да биде на мрежа до крајот на неделава.
Во меѓувреме АД ЕСМ ги задоволува потребите од останатите капацитети, како и со набавена електрична енергија, како резерва при вакви куси испади,“ се вели во соопштението.
Во РЕК Битола пред неколку дена изби пожар во Блок 3.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МИА