еМагазин
Image default
Македонија

Кандидатот за претседател на Бугарија Лозан Панов ќе го посети Скопје и сака затоплување на односите

Независниот кандидат за претседател на Бугарија, предложен од иницијативата „Правда за секого“ и поддржан од Демократска Бугарија, Лозан Панов деновиве ќе го посети Скопје каде, според најавите, ќе има средби „со пријателите на Бугарија и со претставници на македонските Бугари на кои ќе се разговара за иднината на бугарско-македонските односи“.

Пред посетата на Скопје, Панов, кој е првиот кандидат за претседател на Бугарија, кој ќе ја посети земјава, во изјава за дописникот на МИА од Софија, рече дека во последните години неможноста да се постигнат компромиси кои се од заеднички интерес ги ставија односите меѓу Бугарија и Северна Македонија во ќорсокак.

Панов, кој е отворен критичар на состојбите во судството во Бугарија и истакнат судија и прв човек на Вишиот касациски суд, а претходно и на Управниот суд, смета дека само договорот е она што најмногу може да донесе до приближување на позициите меѓу двете земји, но, како што вели, „емотивната поврзаност сама по себе е товар во решавањето на заедничките прашања“.

Според Панов, проблемот е што додека Бугарија и Република Северна Македонија се расправаат за својата историја, трета страна им ја одзема можноста да градат заедничка иднина, а во случајов важи изреката „двајца се картаат, третиот користи“.

Тој предлага разговорите меѓу двете земји да се засноваат на добра волја, а пред се, да се оневозможи „доктринирање на преговорите меѓу Софија и Скопје“.

Панов е дециден дека говорот на омраза е сериозен проблем во бугарско-македонските односи.

– Говорот на омраза го насочува нашиот балкански темперамент во погрешна насока и затоа нема место во добрососедските односи, а уште помалку во образованието на идните генерации, вели Панов за МИА, додавајќи дека „подава рака на соседите“ и дека тие што ги довеле односите меѓу Софија и Скопје во ќорсокак ќе го искористат во оваа предизборната кампања.

Тој е подготвен да го преземе овој ризик, бидејќи, како што вели, во моментов европската иднина на регионот е тест за интегритетот на секој политичар, без разлика на која страна од границата се наоѓа.

– Нашиот заеднички пат е Европа и ова прашање не треба да се поставува ниту со дали, ниту со но, вели Панов.

МИА/Фото: Фејсбук/Панов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

В сабота истекува вонредната состојба, засега нема најави за продолжување

Редакција

Поднесено обвинение за анестиозлогот од Тетовската болница кој објавуваше снимки на „Тик Ток“

Редакција

Скандал со пензиите: МАПАС ќе ги информира пензионерите кои се оштетени со нераспределба на парите

Редакција