еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија ни спрема писмен документ со обврски

Непосредна задача на бугарското Министерство за надворешни работи во однос на билатералниот дијалог со Македонија ќе биде усвојување на писмен документ, што ќе ги дефинира задачите на институциите во Бугарија со конкретно утврдени обврски, изјави шефот на бугарската дипломатија Николај Милков.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Милков нагласи дека неговата заменичка Велислава Петрова, која беше заменик и на неговата претходничка Теодора Генчовска, ќе продолжи да биде одговорна за билатералниот дијалог меѓу Бугарија и Македонија, истакнувајќи дека таа направила многу за односите на Софија со Скопје, како и за аплицирањето за членство на Бугарија во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Милков и оддаде признание и на претходната бугарска Влада во врска со напредокот на односите со земјава, нагласувајќи дека таа постигнала многу, а можела да го остави ова прашања на страна, во услови кога беше близу до губење на мнозинството во Народното собрание на Бугарија.

– Треба да можеме да го консолидираме напредокот што беше постигнат во билатералните односи со РС Македонија. Претстои многу конкретна работа, изјави Милков.

Според Милков, политиката на Софија кон Балканот ќе биде фокусирана и на други проблеми во регионот, како што се тензиите меѓу Србија и Косово и случувањата во Босна и Херцеговина.

– Бугарија мора да биде во можност на своите меѓународни партнери да им претстави што се случува во регионот, истакна Милков.

Тој најави и дека портпарол на Министерството ќе биде Костадин Коџабашев, кој до пред неколку дена беше амбасадор на Бугарија во Украина.

Милков е министер за надворешни работи на Бугарија во техничката Влада именувана од бугарскиот претседателот Румен Радев, со задача да раководи со земјата до завршувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 2 октомври.

МИА/фото: бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шестгодишно девојче починало додека примало инфузија во болницата во Битола

Редакција

Нов прекин на железничкиот сообраќај

Редакција

Заев негативен на Ковид-19

Редакција