еМагазин
Image default
Македонија

Кривична пријава за кичевец заради уништување изборен материјал

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против лицето Б.К. (64) од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Уништување на изборен материјал“.

Како што информираше портпаролот Стефан Димоски, Б.К. на 31 октомври 2021 година околу 7,45 часот на избирачко место лоцирано на улицата „4-ти Јули“ – Кичево, откако претходно го остварил своето избирачко право за избор на градоначалник на општина Кичево, на член на избирачкиот одбор му рекол дека направил грешка и побарал ново гласачко ливче.

По добиениот одговор дека тоа не е возможно, пријавениот го искинал гласачкото личве и го напуштил гласачкото место.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо живот, Владата донесе пекол во Македонија

Редакција

Нови 421 случаи на Ковид-19, во Скопје 211

Редакција

Заклучен Избирачкиот список, право на глас имаат 1.814.263 граѓани

Редакција