еМагазин
Image default
Македонија

Заклучен Избирачкиот список, право на глас имаат 1.814.263 граѓани

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули.

Право на глас на изборите ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи.

Во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица. Лица кои се иселиле или работат во странство во посебните избирачки изводи се 83.054 гласачи.

Во посебниот избирачки список за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени лица.

-По спроведените промени кои произлегоа од претходните дејствија и обработка на податоците добиени од страна на институциите, ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список со следнава состојба: вкупен број на гласачи запишани во ИС се милион 814 илјади и 263 гласачи.

Од нив во изводите од ИС се запишани милион 729 илјади и 189 гласачи. Во посебниот извид избирачки список за лицата кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство се запишани 83.054 гласачи, во посебниот извод на ИС кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старечките домови се запишани 357 и шест гласачи се внатрешно раселени лица, изјави претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски.

Членот на ДИК, Борис Кондарко истакна дека Комисијата успеала четири дена порано, пред законскиот рок да ги заврши сите дејствија поврзани со Избирачкиот список односно обработка и целосно ажурирање на ИС за овие избори, заедно со Државниот завод за статистика.

– Покажавме како ДИК и се потврди согласно законот дека може за неполни осум – девет дена да се завршат сите овие дејсвтија во врска со доажурирањето на ИС, а не за многу повеќе денови како што се споменуваше во јавноста 45-50, итн.

Со ова појаснувам дека согласно Уредбата од Владата од 21 март, нашиот заклучок од 22 март, решението на претседателот на Собранието, сите изборни дејствија што беа спроведени пред прекинот поради Ковидот кризата на 21 март беа важечки односно ние продолживме како ДИК да ги спроведуваме сите преостанати дејствија, изјави Кондарко.

Деркоски истакна дека од 15 јуни до 1 јули има 16 дена, а не осум или девет дена и поради тоа што се затворени одредени дејствија кои дефинирани во нормална постапка би требало да се спроведат- Увидот во избирачкиот список, којшто за жал не се спроведе.

– По мое мислење требаше да се спроведе, рече Деркоски.

Во Избирачкиот список се содржани и лицата кои до денот на изборите ќе наполнат 18 години, сите лица кои од февруари побарале промена на лична карта или патна исправа, а ги подигнале личните документи заклучно со стапувањето на сила на последната Уредба на 15.06, како и нашите државјани кои доколку допатуваат во земјата на денот на избори ќе можат да гласаат. Гласањето ќе може да го остварат само оние лица со важечки лична карта или пасош.

Јанакие Витановски, член на ДИК истакна дека на денот на гласање еден милион 814 илјади и 263 гласачи ќе бидат полнолетни и ќе можат да го остварат правото на глас со лична карта или пасош.

Во однос на изборните единици просечниот број на запишани гласачи е 302.377 запишани избирачи.

Најмногу гласачи има во Куманово – 93.603 избирачи, Битола со 81.607 избирачи, скопски Аеродром – 66.525 избирачи, Бутел 33. 278, итн..

Општини со најмалку гласачи се Вевчани со 2.062, Конче 2724, а најмала е Лозово е 1.997 гласачи.

Витановски ги повика гласачите да се изјаснат на изборите апелирајќи за почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

На 13 јули гласаат лицата позитивни на Ковид-19, а на 14 јули болните, немоќните и хронично болните, кои за гласање можат да достават барање до ОИК најдоцна до 8 јули на полноќ.

Позитивните на Ковид-19 тоа треба да го направат со полномошник.

На 90 избирачки места во нашата држава има помалку од 10 гласачи и според Изборниот законик, овие избирачи ќе можат да гласаат на најблиското избирачко место. Во Македонски брод има 11 такви избираки места, во Пробиштип седум, во Прилеп 13 и други.

ДИК го утврди и изгледот на гласачкото ливче на македонски јазик, но овој дел од седницата беше затворен за јавноста.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно од Ковид-19 се заразиле 61 бремени жени, 29 биле без симптоми

Редакција

Османи доставил нови документи до СЈО за да покаже дека работел законски

Редакција

Се бара наследник на Русковска, распишан оглас

Редакција