еМагазин
Image default
Бизнис

Јапонски „Мицубиши” заинтересиран за изградбата на гасна електрана од 250 MW во РЕК Битола

Делегација на јапонскиот производител „Мицубиши“ ги посети АД ЕСМ и подружницата РЕК Битола со цел испитување на можностите за изградба на гасна електрана со моќност од 250 MW во кругот на РЕК Битола, соопшти АД Електрани на Северна Македонија.

На средбите со Управниот одбор на АД ЕСМ и со менаџерскиот тим на РЕК Битола, претставниците на јапонскиот гигант, како што се посочува, изразија подготвеност за активно учество во изградба и на други постројки кои се предвидени во планот за трансформација на производството на електрична енергија во Република Северна Македонија, односно реализација на т.н. зелено сценарио во енергетиката.

Согласно податоците што ги сподели делегацијата на „Мицубиши“, изминатите три години оваа јапонска компанија има вложено околу две милијарди евра во изградба на гасни централи за производство на електрична енергија.

Врз основа на овие импозантни податоци, претставниците на „Мицубиши“ гарантираат ставање во функција на гасната централа во РЕК Битола до почетокот на 2026 година.

Делегацијата на „Мицубиши“ оствари средба и со преставници на Владата од каде била изразена подготвеност заедно со АД ЕСМ да се работи на проект за стратешко партнерство со јапонскиот производител, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за труд и социјална политика склучи договор со “Нет инвест гроуп“, вреден 663 илјади евра

Редакција

„Лукоил“ го доби тендерот на МВР за набавка на еуродизел „тежок“ 94 милиони денари

Редакција

Алкалоид АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија

Редакција