еМагазин
Image default
Бизнис

Во октомври годишен раст од 8,1% на депозитите и 6,7% на кредитите

Вкупните депозити во октомври, на годишна основа, се повисоки за 8,1 процент, при раст кај двата сектора што е поизразен кај секторот „домаќинства“.

Како што објави Народната банка, вкупните кредити во октомври, забележаа месечен раст од 0,6 проценти, како резултатна растот на кредитирањето на двата сектора, при поголем придонес на корпоративниот сектор.

На годишно ниво, вкупните кредити, во октомври, бележат раст од 6,7 проценти, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, објави денеска Народната банка.

Во октомври кај кредитите на домаќинствата е остварен раст на месечна и годишна основа од 0,5 и 7,3 проценти, соодветно. Анализирано според валутната структура, кредитите во денари имаат поголем придонес кон растот по двете основи.

Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во октомври, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечно зголемување од 0,5 проценти и 1, процент, соодветно, како и годишен раст од 6,3 проценти и 16 проценти, соодветно.

Автомобилските кредити, во октомври, се зголемени за 0,7 проценти на месечна основа, додека на годишна основа се пониски за 14,1 проценти.

Овој месец, кредитите одобрени на кредитни картички бележат надолна месечна и годишна промена од 0,5 проценти и 10,8 проценти, соодветно.

Кај негативните салда на тековните сметки, во октомври, е остварен раст на месечна и годишна основа, од 1,5 проценти односно 1,3 проценти, додека кредитите одобрени врз други основи забележаа месечно и годишно намалување од 1,3 проценти односно 29,8 проценти.

Паричната маса во октомври 2021 година, забележа месечен пад од 0,5 проценти, којшто во најголем дел произлегува од намалувањето на депозитните пари, а во помала мера и на долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек, при раст кај краткорочните депозити.

Годишниот раст на паричната маса изнесува 9,7 проценти и главно произлегува од зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити, при помал раст и на готовите пари во оптек и на долгорочните депозити до две години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОРМ: Уредбите од новите економски мерки да бидат усогласени со бизнисот

Редакција

На членовите на Одборот на директори на Европа лани исплатени 2,4 милиони денари

Редакција

Горивата поевтинуваат до два денари

Редакција