Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска ја назначи Бујаре Абази за нова заменик- градоначалничка на Скопје.
Како што соопштија од Град Скопје, Арсовска свечено и го врачи решението, при што на денешната средба со Абази дискутираа за идната соработка и за предизвиците со кои се соочува Градот.
Бујаре Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а има и дополнително високо образование како дипломиран економист.
Абази е избрана за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа во октомври оваа година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Која е професионално и приватно Данела Арсовска, првата жена градоначалник на Скопје
Ќе излезе ли Данела Арсовска, градоначалничката на Скопје и од Надзорниот одбор на Капитал банка
Фото: Град Скопје