еМагазин
Image default
Македонија

Денеска крај на учебната година за средношколците, не и за основците

Учебната 2022/2023 година денеска завршува за средношколците, но не и за основците за кои крајот на наставата ќе биде в среда, 14 јуни.

Во основните училишта учебната година е продолжена три дена затоа што беше продолжен зимскиот распуст заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата. Второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари почна на 23 јануари.

Матурантите, пак, утре  ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен. Пријавените кандидати имаа можност да избираат од седум предмети: Математика, Англиски јазик, Француски, Германски, Руски јазик, Естетика  или Филозофија.

Првиот екстерен испит, задолжителниот Мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература 15.620 матуранти го полагаа на 27 мај.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Захариева: Бугарија наскоро ќе донира вакцини на Северна Македонија

Редакција

Филипче: Не е точно дека над 400 лекари се иселиле од земјава

Редакција

Мицкоски за препораките на историската Комисија: Наместо да зборуваме за иднината, ние зборуваме за средниот век

Редакција