еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски за препораките на историската Комисија: Наместо да зборуваме за иднината, ние зборуваме за средниот век

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Тетово порача дека се оствариле нивните прогнози дека и понатаму државата ќе биде заложник на историјата поради францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија.  Овој негов став е одговор на новинарско прашање по повод денешната презентација на препораките од македонско-бугарската историска комисија.

-Наместо да зборуваме за 21-ви, 22-ви век, за иднината, ние зборуваме за средниот век како што впрочем видовте и денеска се зборува за цар Самоил, се зборува за Климент, се зборува за Наум, за Кирил и Методиј и се зборуваат неточни работи. Практично, ние сега треба да ги менуваме, односно цензурираме учебниците на децата кои ќе учат во училиштата под диктат, под притисок од Бугарија, истакна Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цар Самоул владеел со Бугарско царство во Македонија: Што пишува во препораките на историската Комисија со Бугарија

Тој оцени дека „ова е дебакл на политиките на власта во однос на политичарите од ЕУ“.

-И сега би сакал да ги видам оние сите фини господа од Европа кои доаѓаа овде и кои не убедуваа дека нема да збориме за минатото да не погледаат во очи нас Македонците и да ни кажат дека не зборуваме за минатото, туку зборуваме за вештачка интелигенција, зборуваме за почист воздух овде, зборуваме за почиста вода за пиење во Тетово, за канализација во Арачиново, зборуваме за асфалтирани патишта, зборуваме за завршен автопат којшто ќе ги поврзе Кичево и Охрид, еве да зборуваме за тоа.

А уште поголем срам е што кога зборуваме за средновековието ни излезе новата класификација на Шангајската ранг листа па меѓу две илјади универзитети во светот нема ниту еден од Македонија. Тоа е уште поголем дебакл за овој режим од ДУИ и СДСМ, изјави Мицкоски, при посетата на Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема македонски универзитет во првите илјада рангирани на Шангајската листа 2022

Овој срам и диктат, дополни, ќе продолжува и понатаму, така што темата е политичка и јас на сето ова предупредувам, континуирано предупредувам, но очигледно крајот доаѓа и за ова ќе има одговорност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Ако над 80 пратеници гласаат за измени на Уставот, ќе се повлечам од политика

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час не го почитувале 42 лица, приведени 37 лица

Редакција

Задолжителен ПЦР тест за патниците од Косово кои транзитираат низ Македонија, предлага Комисија за заразни болести

Редакција

Попис: Како Бугари во Македонија се изјасниле 3.504 лица

Редакција