еМагазин
Image default
Македонија

Нора Шаќири Марковиќ разрешена од директорската позиција на „Театар Комедија“, на нејзино место поставена Магдалена Ризова Черних

Нора Шаќири Марковиќ е разрешена од функција в.д. директорка на „Театар Комедија“, информираа од Министерството за култура.

За нов в.д. директор е назначена актерката Магдалена Ризова Черних, вработена во театарот.

Деновиве медиумите објавија дека во театарот дошла вонредна инспекција поради “мобинг и психичко вознемирување врз вработените“ од страна на Шаќири Марковиќ, по што следи и нејзиното разрешување.

По смената од функцијата, на Фејсбук се огласи Шаќири Марковиќ:

“Имам обврска пред себе и пред вас да ви образложам под какви околности денеска сум разрешена.

Никој не е роден директор, не сум ни јас, но не е секој спремен да влезе во кал, а од тоа да нема лична корист.

Јас бев спремна и Театар Комедија се издигна над сите црни облаци кои го надвјасаа.

Ќе бидам кратка и јасна: како директор поведов дисциплинска постапка за вработен, кој без никакво образложение, без слободни денови, по завршувањето на колективниот одмор замина на патување и истото го поткрепи со фотографии и за истото се изјасни пред комисијата која го донесе решението за дисциплинска казна дека е виновен и казната ја прифати.

По анонимна пријава за мобинг пратена до заменик на претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси министерот, Љупчо Николовски во театарот дојде вонреден инспекциски надзор односно Државниот инспекторат за труд, кој донесе записник во кој се наведува дека Инспекторатот на труд не може да донесе инспекциска мерка врз основа на член 22 и 23 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и предметот ќе биде испратен до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) како надлежен орган.

Во однос на ова сакам да ве известам дека до овој момент од ДКСК ништо не е пристигнато, па по тој основ решението за мое разрешување е неосновано и дека во институцијата не е стигната никаква пријава за вршење на мобинг од мене кон вработен.

Она што е моја гордост е тоа дека работев согласно закон, дека ја имам безрезервната поддршка од сите мои колеги, се изборив театарот да се врати во полн сјај, без долгови, со три нови претстави, со прекрасен репертоар и неколку фестивали од кои два во продукција на театарот.

Намерата е јасна, делата зборуваат за сите нас. Горда сум на се до сега направено.

Горда сум на тоа дека конечно во театарот се врати комуникацијата, разбирањето и почитта меѓу вработените.

Судете сами дали недоаѓањето на работно место е казниво за раководното лице или за лицето кое не се појавува на работното место без образложение.

Благодарам на сите мои колеги за поддршката и вербата во мене, за заедништвото да го вратиме Театар Комедија во полн сјај.

Во театар Комедија се ширеше љубов, а не омраза.

Ви благодарам и на останатите за поддршката„.

Фото: Фејсбук/Шаќари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема апанажа за функционерите кои поднеле оставка или биле разрешени, одлучи Уставен суд

Редакција

Бројот на ученици во средните училишта намален за 3,9, а во основните за 1,4%

Редакција

Кои се новите македонски амбасадори во Доха, Стразбур, Копенхаген…

Редакција