еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Виз ер“ со 40% попуст за Black Friday на одредени летови

„Виз ер“, најави 40% попуст на селектирани летови низ Европа за сите патници.

Попустот се однесува на билетите и е достапен за сите патници на „Виз ер“ кои патуваат пред или на 26 март 2022 година.

Понудата важи до 26 ноември 2021 година до 23:59 часот. Секој што ќе резервира билет на денот на промоцијата, автоматски ќе влезе и во лотаријата на Pink Friday, за ваучер од 1.000 евра.

„Виз ер“ нуди голем избор на рути со ниски цени до најатрактивните земји и градови низ Европа.

Билетите се достапни за онлајн резервација на wizzair.com и преку мобилната апликација.

За максимална флексибилност, кога станува збор за резервации, Wizz Air им препорачува на патниците да ја користат услугата WIZZ Flex. Со оваа услуга патниците имаат дополнителна заштита.

Користејќи ја оваа услуга патниците можат да изберат да патуваат на различен датум или на друга дестинација, како и да имаат можност да го откажат летот до 3 часа пред лет без никаков надомест и да добијат 100% поврат на средствата како Wizz кредити.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тројца најсреќни учесници на наградната игра на ЕВН добија iPhone 8

Редакција

Македонската ПР агенција Idea Lab се приклучи на PROI Worldwide

Редакција

Ученици од основни училишта во Скопје, Штип, Тетово и Битола ќе научат како да рециклираат пластичен отпад и да произведат 3Д печатени производи

Редакција