еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Намален наталитетот, а зголемен морталитетот во третото тримесечје од 2021

Бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 3,8 проценти и изнесува 5.065, додека бројот на умрените лица во истиот период годинава бележи зголемување од 30,7 отсто во споредба со истото тримесечје од 2020  година и изнесува 7.209 лицa, а од нив 14 се умрени доенчиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, за природното движење на населението.

Со тоа природниот прираст изнесува  -2.144, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е за 11,7 проценти зголемен во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 4.398 бракови, додека според податоците на Државниот завод за статитика, добиени се 480 извештаи за разводи.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се симптомите на конго-кримска хеморагична треска од која е заболен вработен на Инфективна

Редакција

74,2% од лицата кои починале од Ковид-19 имале претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција

(Фото) Новогодишната елка на поранешната министерка Рената Дескоска

Редакција