еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Од утре пообилни врнежи од дожд и снег на планините

Пообилни врнежи од дожд, а на планините и снег, за утре и за в среда најавуваат метеоролозите.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во среда врнежите ќе бидат пообилни над 35 л/м2, на места и поројни.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Во среда ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Утре минималните ќе бидат над нулата и ќе се движат од три до 11 степени, од вторник ќе се спуштат и ќе се движат од два до минус три степени. Дневните максимални од седум до 14 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лепче со паричка – на Бадник или на Василица, што велат од Бигорски манастир

Редакција

Срце и бубрег ќе бидат трансплантирани од млада пациентка, на која и е дијагностицирана мозочна смрт

Редакција

Децата не се имуни на Ковид-19: Невозможно е да се разликуваат симптомите на новиот вирус и грипот

Редакција