еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Бигорски во снежна идила, г. Партениј со порака дека со силен дух, љубов, радост и почит кон Христос, го продолжуваме Божиќниот пост

Снежните врнежи кои во раните утрински часови го зафатија поширокиот дебарски регион, донесоа посебна „снежна идила“ во целото подрачје.

Во посебна бела убавина е и македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манастир, кој вгнезден во пазувите на планината Бистра, опстојува 1001 година и го потврдува постоењето на православието на овие простори.

– Станува збор за еден од најголемите духовни центри во Македонија, но и пошироко на Балканот. Во него својот духовен мир го наоѓаат илјадници души, а молитвите на игуменот, епископ г. Партениј и на неговото братство се вистинско богатство за светот, вели верник кој е тука во време на божиќните пости.

И тој и многу верници редовно се на богослужбите на кои со милозвучен глас се обраќа владиката г. Партениј.

– Со силен дух и обновена ревност и обилно преисполнети со љубов, радост и почит кон Богомладенецот Христос, го продолжуваме благо-радосниот Божиќен пост. Сите ние заедно, духовно и таинствено да се подготвиме да застанеме пред малата, скромна Пештера во Витлеем, таа земна палата на Небесниот Цар, пред смирените пастири и боговдахновени мудреци, опкружени со безбројното воинство ангели. Да стоиме молитвено со душите приклонети кон Преблагословената Владичица наша Богородица, со срца подарени на најпрекрасниот Богомладенец, порача и денеска г. Партениј.

Тој уште со пораката дека вистинската љубов е над човечките поделби и спротивставености.

– Вистинската љубов е над човечките поделби и спротивставености. Ја победува омразата и острастеноста. Ги надминува личните огорчувања и се простира над сето човештво, без користољубие и задни намери. На тоа нè научи Господ и тоа сме должни да го применуваме. Да се грижиме, да ги чуваме нашите браќа, порача владиката.

Посака Господ да ги благослови сите верници и целиот пост да го поминат со богоугодни дела и да го дочекаат светлото Христово раѓање.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најчитани на еМагазин за 2020 година: Пановски: Лесно ја поднесувам состојбата со Ковид-19, ми помагаат децата, спортот, не пијам витамини

Редакција

(Фото) Кои се мажите на годината

Редакција

Младите Иван и Ана тргнаа на летување, а летнаа во провалија

Редакција