еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Несреќата на автобусот на „Беса транс“ не се случила поради голема брзина, причините за пожарот непознати, велат бугарските власти

Mинистерката за регионален развој и јавни работи на Бугарија, Виолета Комитова изјави дека причина за минатонеделната несреќа на автобусот на „Беса Транс“ не била големата брзина на движење.

– Овде има еден чуден настан – пожар, кој според мене е главна причина за жртвите, рече Комитова, додавајќи дека засега нема објаснување што го предизвикало пожарот.

Таа на брифинг изјави дека до денеска на патот каде што се случи несреќата не се завршени постапките за експропријација.

– Градежниците граделе на туѓо земјиште, изјави Комитова.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, изготвениот извештај за состојбата на патот уште еднаш потврдува дека не се работи за автопат, туку за експресен пат. Комитова рече дека не може да се тврди дека дозволената брзина на движење од 120 километри на час е главната причина за несреќата.

До датумот на несреќата, завршено е одбележувањето само на централната линија, со задоцнување од околу шест месеци. Означувањето на оваа делница и поставувањето на знаците е доделено на две фирми со ист сопственик.

Двете компании требало да ја постават и сигнализацијата. Во 2013 година тие го поставиле знакот за дозволена брзина од 120 километри на час, а заштитната ограда, кога била поставена во 2007 година, ги исполнувала барањата, но од 2021 година, според Комитова, има нови правила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сопственикот на „Беса транс“, Беким Хаџиу проговори за несреќата: „Си реков зошто и јас не бев во тој автобус, да умрам и јас во автобусот“

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбиена жалбата на екс-директорот на УБК, Атанасовски за притворот од 30 дена

Редакција

СЗО: Јужна Америка е ново жариште на корона вирусот, расте бројот на заразени во Африка

Редакција

Вкупно 1.259 заразени од корона вирусот: Нови 28 случаи, најголем број во Скопје и Прилеп

Редакција