еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Градоначалникот Садику за БТВ: Уште едно дете се спасило од автобусот на „Беса транс“, но се вратило да спаси близок во пожарот и починало

Градоначалникот на Општина Студеничани, Азем Садику, во изјава за бугарската БТВ вели дека од преживеаните во несреќата кај „Струма“ му било кажано дека уште едно дете се спасило додека горел автобусот, но се вратило да помогне на близок и починало.

„Оние кои преживеаја ги посетив и ми кажаа дека едно дете успеало да излезе од автобусот, но се вратило да извади близок, и тоа загинало. Оваа трагедија мора да се расчисти, бидејќи и онака граѓаните малку веруваат во правна држава.

Имаме надеж дека Бугарија е членка на ЕУ и дека таа ќе го расчисти случајот. Не дека вистината ќе ги врати загубени животи, туку да дава надеж на другите, да не ни се повторат вакви трагедии,“ изјави Садику.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Сведоштво на Лулзим Сулејмани, еден од преживеаните во несреќата кај „Струма“: „Се уште сум во шок, не можам да спијам, сликите од трагедијата ми се вртат во глава“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Опфатот на вакцинација со МРП во целата држава изнесува 98%

Редакција

(Фото) Фамилијарна новогодишна честитка од министерот Бектеши

Редакција

Бебето кое почина од респираторна инфекција било одбиено за хоспитализација на Детска клиника, потврди Таравари

Редакција