Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, во своето гостување во Тема на денот на телевизија Сител, изјави дека Христијан Мицкоски има кредибилитет да продолжи да ја води партијата и во иднина, како и тоа дека тој е единствениот кој засега поднел кандидатура за оваа позиција.
-Засега само претседателот Мицкоски ја има објавено кандидатурата. Не можам да шпекулирам за други кандидати, но факт е дека Мицкоски со резултатите од локалните избори го освои и легитимитетот и има потполн кредибилитет да продолжи понатаму да биде наш претседател, изјави Ковачки.
Внатрепартиските избори за лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржат на ист датум како и оние за претседател на СДСМ, на 12 декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.