По договорот помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, новиот коалиционен партнер од своите редови ќе назначи министер за здравство, министер за информатичко општество и администрација, како и министер без рестор задолжен за дијаспората.
Владата, потенцираше Заев, ќе воведе неколку министри без ресор, со цел подобро да се справува со сите домашни и глобални предизвици.
Од страна на Алтернатива ќе бидат назначени и три заменици-министри, од кои еден во Министерството за образование и наука, еден во Министерството за култура, а за третиот ресор останува дополнително да се прецизира, иако било разговарано за заменик министер за земјоделство.
Алтернатива ќе преземе одговорност и во менаџирањето на управувачките раководните органи во повеќе институции на централно и на подрачно ниво.
Меѓу нив од поважните се МЕПСО, Фондот за здравствено осигурување, Железници и Транспорт, Клинички центар – Тетово, Агенција за странски инвестиции и други.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев и Гаши се договорија: Алтернатива влегува во Влада, Филипче излегува
Заев за смената на Филипче: Ќе станеме поголеми другари и ќе имаме повеќе време да возиме мотори
Со влегувањето на Алтернатива во Владата, новото парламентарно мнозинство ќе брои 64 пратеници
МИА/Фото: Влада