еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Раст од 3% на македонската економија во третиот квартал

Стапката на раст на Бруто-домашниот производ (БДП) во третиот квартал годинава изнесува три проценти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во третото тримесечје од годинава, најголем пораст од 11 проценти е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а 2,6 проценти е порастот во секторите: Стручни, научни и технички дејности, Административни и помошни услужни дејности, како и Уметност, забава и рекреација, Други услужни дејности, Дејности на домаќинствата како работодавачи, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби.

Пад од 4,5 проценти има во сектрите: Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, од 1,8 проценти во Финансиски дејности и дејности на осигурување, од 1,5 проценти во Градежништво, од 0,7 проценти Информации и комуникации.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2021 година, номинално расте за 4,8 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 64,8 проценти.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 16 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележа пораст во номинален износ од 15,2 проценти, покажуваат податоците на ДЗС.

Стапката на раст на БДП во вториот квартал годинава изнесуваше 13,1 процент, а во првиот квартал  минус 1,9 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.342 случаи на Ковид-19 од 3.399 тестирања

Редакција

Повторно земјотрес од 4,5 степени по Рихтер во реонот меѓу Битола и Лерин

Редакција

Еуромакс Ресоурцес: Најавената одлука за повлекување на донесената одлука за спојување на концесиите би бил преседан кој воведува правна несигурност кај инвеститорите и недоверба во владеењето на правото

Редакција