еМагазин
Image default
Македонија

Ременски незадоволна од излезноста на гласањето за нов лидер на СДСМ

Кандидатата за претседател на СДСМ, Фросина Ременски, синоќа, по завршувањето на гласањето на вонредните внатрепартиски избори, рече дека воопшто не е задоволна од излезноста на членството и дека тоа е можеби многу поважно од резултатот на изборите.

Според неа, сите од партијата ќе треба да се обединат околу тој што ќе победи.

Ременски очекува, како што изјави, да излезат на површина прашањата кои ќе и помогнат на СДСМ да ги надмине предизвиците пред кои е исправена.

-Од она што го слушам и од Централната изборната комисија, воопшто не сум задоволна од излезноста на нашето членство. Тоа е сериозно прашање за една внатрепартиска дискусија во однос на она што го очекуваме и како исход и како резултат.

Можеби не се толку важни резултатите, како прашањето зошто нашето членство одлучи да не излезе на изборите. Имам забелешки и ќе ги кажам. Мислам дека токму од тие прашања треба да тргне недекларативната заложба за обединување.

Верувам и знам дека предноста секако ја имаше Ковачевски. Ќе ги слушнам резултатите, ќе му подадам рака и ќе му посакам се најдобро, ќе му порачам да се погрижи многу повеќе за она што значи партиска работа, обединување на партијата.

Се надевам дека после вакви резултати ќе може да направи многу повеќе и можеби ќе се отвори онаа дискусија во партијата дали е возможно премиер и претседател на партија да менаџира вака сериозни процеси, истакна Ременски.

Таа додаде дека била една од ретките во партијата која повикувала на обединување.

-И не лицитирав со ништо кој, зошто и поради кои причини треба или не треба да биде вклучен и имам сериозни аргументи зошто тоа вечерва ќе го истакнам пред Централната изборна комисија и ќе ги посочам пунктивите од каде што треба да тргне обединувањето.

Ја сум фер играч, мојата идеја за кандидирање на овие избори и како цели ги постигнав зашто претпоставувам ќе излезат на површина некои прашања кои ќе и помогнат на партијата да ги надмине предизвиците пред кои е исправена, рече поранешната пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Секогаш кога СДСМ е силен и има јасна агенда, државата оди напред

Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реакција за Пописот и од турското МНР

Редакција

Груби ја лоцира одговорноста во Богоевски за неизгласување на одлуката за Вељаноски

Редакција

Летонија го одобри зачленувањето на земјава во НАТО

Редакција