еМагазин
Image default
Локално

Жена го прободела сопругот, кој се обидел да го повреди нивното дете во кумановско Табановце

Жена од кумановското село Табановце го прободела сопругот, откако тој се обидел да го повреди нивното дете, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера во 22:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Табановце, кумановско, Ј.А.(23) од село Табановце, при семејна расправија, со остар предмет нанела убодна рана на нејзиниот сопруг Љ.А.(25) од Куманово, кој, според пријавеното, се обидел да го повреди нивното дете, соопшти полицијата.

Тој бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случаен минувач најде новороденче на улица во Топанско поле: Мајката го оставила веднаш по породувањето

Редакција

Жител на Вратница загина по излетување од пат со четирицкл

Редакција

Две лица тепале скопјанец на улица „Бутелска“

Редакција