еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Случаен минувач најде новороденче на улица во Топанско поле: Мајката го оставила веднаш по породувањето

На Клиниката за детски болести вчера со возило на итна медицинска помош е донесено новородено најдено во скопската населба Топанско поле.

„Се работи за машко новородено, со родилна тежина 2.400 гр, згрижено е на одделот за неонатологија, неговата здравствена состојба е добра, превземени се сите неопходни мерки за вакви случаеви“, соопштија од Клиниката за детски болести.

Новороденчето го пронашол случаен минувач. Бебето било оставено во парк, без облека.

Полицијата работи на откривање на идентитетот на мајката и околностите во кои новороденчето било оставено во тревата веднаш по раѓањето.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маж во бесознание пронајден под надвозник на автопатот Скопје-Куманово

Редакција

Утре нов протест за чист воздух: Умираме во илајдници годишно од загаден воздух

Редакција

Кои граѓани ќе се спасат од високите давачки за извршителите

Редакција