еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Собранието го донесе буџетот за 2020

Собранието вечерва по петдневна расправа со 63 гласа „за“, 36  „против“ и ниту еден „воздржан“ го донесе Буџетот за следната година.

Буџетот е проектиран на 4,4 милијарди денари. Вкупните приходи се планирани на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од бруто-домашниот производ (БДП), а расходите се проектирани на ниво од 272,4 милијарди денари, што е за 1,4 проценти повеќе од годинава.

Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е понизок за 2,2 процентни поени во однос на проценетиот дефицит во 2021 година.

За капитални инвестиции за следната година се предвидени 37,8 милијарди денари, што е за 27 проценти повеќе во однос на 2021 година.

Запазено е т.н. „златно правило во финансиите“, односно буџетскиот дефицит е помал од капиталните расходи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До крајот на септември патарина во Македонија, Србија и Албанија ќе се плаќа со еден ТАГ

Редакција

Нови 185 лица заразени со корона вирусот, во Скопје 96

Редакција

МНР го потврди убиството на македонски државјанин во Бугарија

Редакција