еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

До крајот на септември патарина во Македонија, Србија и Албанија ќе се плаќа со еден ТАГ

Министерот за транспорт и врски на Македонија, Благој Бочварски, во рамки на Самитот на лидерите на Отворен Балкан оствари средба со срспкиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Томислав Момировиќ, на која се разговараше за заеднички инфраструктурни проекти и за Отворен Балкан (ОБ) електронска наплата на патарина на автопатиштата на земјите членки на Иницијативата „Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Системот Open Balkan ETC е во тест фаза и до крајот на септември ќе почнеме да користиме еден ТАГ помеѓу Србија, С Македонија и Албанија. Секој корисник на ETC наплатата во која било земја во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ ќе може со само еден ТАГ да плаќа патарина во сите други земји од иницијативата „Отворен Балкан“, без запирање или купување дополнителен уред или картичка во земјите каде што неговото возило не е регистрирано, кажа Момировиќ, според соопштението од неговиот кабинет.

-Имам одлична соработка и комуникација со мојот колега и министер Момировиќ и нашите разговори секогаш водат до значајни иницијативи за двете земји. Ги потврдивме нашите заеднички определби во насока на поефикасно регионално поврзување и забрзување на економскиот развој.

Примарниот фокус го ставаме на реализација на инфраструктурни проекти, особено во делот на железничкото поврзување, што дополнително ќе овозможи раст и забрзан регионален развој меѓу нашите пријателски земји, рече министерот Бочварски.

На средбата повеќе се зборуваше и за тековните проекти за поврзување како што е реконструкција и модернизација на пругата Ниш – Брестовац (границата со Македонија), како и за  функционирањето на интегрираниот граничен премин Прешево – Табановци, се наведува во соопштенеито на српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфрастриктура.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер „тежок“ 11,2 милиони евра: Министерството за здравство склучи договори за набавка на вакцини со четири компании

Редакција

Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, велат од Народна банка

Редакција

Хорор во Скопје: Со нож ја бодел мајка си, па ја запалил

Редакција