еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Рама побра од ЕУ да не го повторува срамното однесување кон Западен Балкан за енергетската криза, како со пандемијата

Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска во Белград побара од Европската Унија да не го повтори срамното однесување кон Западен Балкан во однос на енергетската криза, како што беше случај за време на пандемијата на коронавирусот, кога земјите од регионот беа принудени да се обратат до Русија, Кина и Турција за помош.

Според Рама, ЕУ во таа ситуација била затворена и „гледала исклучиво кон ѕидините на својот замок“, пренесува весникот „Данас“.

Рама изјави дека Тирана, Белград и Скопје ќе побараат од ЕУ дополнителна финансиска поддршка, што за Албанија би значело 500 милиони евра наменети за континуирано снабдување со електрична енергија и одржување на енергетскиот систем.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција не го признава Косово и тој став нема да се промени, вели грчката претседателка Сакеларопулу

Редакција

Помошта на членките на ЕУ за Украина досега изнесува 68 милијарди евра

Редакција

СЗО: Индиската варијанта на Ковид-19 е откриена во 44 земји

Редакција