еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Донација на ОКТА за Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон

Компанијата ОКТА и годинава обезбеди донација за Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон, кое го поддржува од неговото основање, информираат од компанијата.

Донираните средства ќе бидат искористени за набавка на реагенси неопходни за медицинските испитувања поврзани со болеста, но и за унапредување на експертизата на медицинскиот кадар во државава.

Целта е да се обезбедат подобри услови за навремено откривање и следење на симптомите и состојбата на пациентите заболени од оваа ретка болест.

„Грижата за заедницата е значаен сегмент во корпоративната стратегија за општествена одговорност на ОКТА. Во таа насока, компанијата седма година по ред ги поддржува активностите на Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон.

Ја цениме нивната безрезервна заложба за нивните штитеници, како и нивната континуирана посветеност за подигање на јавната свест за потребите и проблемите на оваа категорија на граѓани.

Веруваме дека нашата поддршка им помага да бидат погласни во пренесување на пораката дека луѓето со ретки болести заслужуваат еднаков третман“, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

Во изминатите години, Здружението традиционално организираше хуманитарна штафетна трка „Подај рака“ за поддршка на лицата со ретки болести, но поради епидемиолошката состојба во земјата предизвикана од пандемијата, веќе втора година по ред трката не се одржува, за да не се загрози здравјето на овие пациенти како и на нивните поддржувачи.

„Граѓаните со ретки болести, каква што е болеста Вилсон, се соочени со голем број на предизвици, за кои ние како Здружение се залагаме да им помогнеме. Затоа, поддршката која редовно ја добиваме од ОКТА, ни е од исклучителна важност и особено драга, бидејќи се со нас од самото основање.

Поради тоа ОКТА ја сметаме за наш соборец во борбата за зголемување на свеста за болеста Вилсон, но и за нејзино навремено откривање и правилен третман, за што може да служи како пример во општеството“, изјавија од Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон.

Болеста Вилсон предизвикува нарушување во метаболизмот што води до таложење на бакар во црниот дроб, мозокот и очите. Таложењето на бакарот се одвива постепено со години, пред појавата на првите симптоми. Затоа раното откривање на болеста е од пресудно значење за лицата кои носат генетска предиспозиција за тоа, но не се свесни дека се носители на болеста. Навременото откривање на болеста и редовната терапија, овозможуваат нормален живот за пациентите со Вилсонова болест.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем интерес на младите на Отворениот ден на Универзитет Американ колеџ Скопје

Редакција

Сашко Кедев испишува историја: Го искачи К2, вториот највисок врв во светот, а за четири месеци застана на два врва над 8.000 метри

Редакција

И Град Скопје ќе одвои парична награда за екипата на „Медена земја“ во износ од 10.000 евра

Редакција