еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Шекеринска нема да биде дел од новата Влада

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека нема да биде дел од новата Влада.

Таа потсети дека пред осум месеци се повлекла од партиската функција заменик-претседател на СДСМ оти не се согласувала со дел од политиките, кои според неа, придонеле за пораз на локалните избори и не очекува работите да се сменат.

– За жал, мојот впечаток е дека од тие лекции не ги научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги чувме или не ги разбравме, и затоа мислам дека единствената чесна и принципиелна одлука е да не учествувам во следната Влада, нагласи Шекеринска.

Потенцира дека во изминатите четири и пол години, таа, како и другите нејзини колеги, и служела на државата, и се оддолжила за голема доверба добиена од граѓаните, со членство во НАТО и најбрза воена интеграција од страна на која било кандидатка членка на Алијансата. И она што за неа било особено важно, апсолутно променета ситуација во нашата Армија.

– Тоа беше резултат затоа што работевме чесно, принципиелно и трудољубиво. Така треба да се работи и тогаш резултатите доаѓаат. Меѓутоа, ако не сме принципиелни кон себе, не можеме да бидеме принципиелни ни кон граѓаните, рече Шекеринска.

Во врска со односите меѓу Русија и Украина и можноста за ескалација на состојбата, Шекеринска рече дека и нашата држава, како и другите членки на Алијансата го поддржале коминикето на НАТО со кое се изразува сериозна загриженост заради ескалацијата на состојбата, особено со зголемувањето на руски трупи на границата со Украина.

– Ја споделуваме загриженоста и сметаме дека ова влијае на безбедноста, не само на Украина, туку и на целиот континет. Поддршка од страна на сите членки на Алијансата за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Беше испратен повик до Русија да ги намали тензиите и да ги повлече трупите. Во исто време НАТО изрази подготвеност да разговара со Русија, меѓутоа, тоа да не бидат флоскули, туку за подобрување на состојбата и комуникацијата. Каква било нестабилност на европскиот континет, не поминува без безбедносни импликации врз останатите држави, рече Шекеринска.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиника Жан Митрев: Обвинението е неосновано во целост, очекуваме јавен и транспарентен процес

Редакција

Македонските државјани да избегнуваат патувања во или транзит во Израел, апелираат од Министерство за надворешни работи

Редакција

Мицкоски: Ако референдумот биде успешен и мнозинството е „за“, ќе го почитуваме тоа

Редакција