еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Сексуалните работници со марш побараа итна и неодложна декриминализација на сексуалната работа во Македонија

По повод 17 декември, Меѓународен ден за стоп на насилството денеска по 14-ти пат се одржа марш на црвените чадори, кој почна од спомен куќата на Мајка Тереза, а заврши на плоштадот „Филип II“.

Сексуалните работници бараат итна и неодложна декриминализација на сексуалната работа во земјата и признавање на човековите и работничките права.

– Бараме декриминализација на сексуалната работа затоа што декриминализацијата е почитување на човековите права и достоинство и затоа што помага за заштита од насилство и злоупотреба.

Бараме декриминализација на сексуалната работа затоа што таа ја ограничува полициската злоупотреба и насилство, го подобрува пристапот до здравствени услуги, го намалува ризикот од ХИВ и сексуално преносливи инфекции, ги унапредува безбедните работни услови, овозможува ефективен одговор на трговјата со луѓе, ја спречува државната контрола врз нашите тела и сексуалност, побараа сексуалните работници пред почетокот на маршот.

Тие испратија порака до институциите дека сексуалните работници се дел од ова општество и треба да ги уживаат нивните човекови работнички права подеднакво со останатите граѓани. Воедно, ја истакнаа потребата од итно донесување на нови правни рамки за регулација на сексуалната работа во земјава и упатија прашање до институциите: „Декриминализација кога?“.

Декриминализацијата, како што нагласија, значи поголема веројатност за сексуалните работници да живеат без стигматизација, социјална исклученост и страв од насилство.

– Сексуалната работа се уште не е правно регулирана во земјава. Република Северна Македонија како земја со аспирации за членство на ЕУ има обврска да обезбеди еднакво почитување на човековите права и слободи и унапредување на демократијата.

Оттука бараме да бидеме препознаени од институциите и вклучени во процесот на креирање на најдобро законско решение за регулација на нашата работа започнување на измени на член 191 од Кривичниот законик и член 19 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Ја поддржуваме досегашната соработка со дел од институциите во земјата, но повикуваме на унапредување на соработка и интензивирање на процесот за декриминализација на сексуалната работа, потенцираа сексуалните работници.

Според досегашните истражувања што ги направи СТАР – Првиот колектив на сексуални работници и негови партнерски организации, сексуалните работнции во нашата земја, особено жените и трансродовите сексуални работници се соочуваат со висок степен на насилство, особено родово базираното насилство, омраза и малтретирање на јавните простори.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во биографијата на Радмила Шекеринска, старо-новата министерка за одбрана

Редакција

Пандемијата на коронавирусот долгорочно ќе влијае на менталното здравје, велат од СЗО

Редакција

СЗО формира нов тим за истрагата за потеклото на коронавирусот

Редакција